Топ Вести

Вардар и Металург ќе играат на 11 мај

28.04.2017 20:04
MJI_3262_resize

Средбата од 6-тото плејоф-коло, меѓу екипите на Вардар и на Металург ќе се игра на 11 мај во СЦ “Јане Сандански“. Сатницата за овој најверојатно решавачки натпревар за титулата во првенството на Македонија, ќе биде објавена дополнително, а е врзана со телевизискиот пренос од оваа средба.

Така е договорено меѓу двете екипи, откако најпрво овој натпревар беше закажан на 30 април.

Првата средба меѓу овие две екипи, одиграна во Автокоманда, заврши со победа на нашиот тим, кој славеше со резултат 29:26.

Прочитано 3.018 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 8 =