Топ Вести

ВЕСПРЕМ СЕ ЗАСИЛИ СО ХРВАТОТ ИВАН СЛИШКОВИЌ

20.03.2015 14:00
11

za tekst

Хрватскиот репрезентативец Иван Слишковиќ (24) е нов ракометар на Веспрем, каде ќе пристигне на почетокот од следната сезона.

Слишковиќ, кој моментално настапува за екипата на Ал Ахли во Катар, како позајмен играч на Цеље П.Л., игра на позиција лев бек и во Веспрем ќе ја засили хрватската колонија, која досега ја сочинуваа Мирко Алиловиќ и Ренато Сулиќ.

Слишковиќ потпиша четиригодишен договор и е трето засилување на Веспрем за следната сезона, откако претходно своите потписи ги ставија Павел Атман и Арон Палмарсон.

Во меѓувреме, Веспрем го продолжи и договорот со Мирсад Терзиќ, кој ќе биде дел од тимот и во наредната сезона. Терзиќ е исто така лев бек, но и специјалиста за одбрана, а во Веспрем дојде во 2009 година, интересно – исто така од Цеље П.Л.

Прочитано 818 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 13