Топ Вести

(Видео) И трет пораз на Македонија во Васлуи

17.12.2017 14:16
ARM_MAC_11-1

Македонските кадети го доживеаа и третиот пораз на меѓународниот турнир во Васлуи (Романија), откако денеска загубија од селекцијата на Украина, со резултат 25:32 (14:15).

Главен недостаток кај нашите млади ракометари и овој пат беше непостојаноста во играта. Имаше периоди кога игравме навистина лошо, но и периоди кога го истакнувавме својот квалитет и кога успевавме да се вратиме во игра. За жал, овој пат периодот на лошата игра беше подолг, па противникот извојува висока победа, која не ја дава вистинската слика за квалитетот на двете репрезентации.

Македонија го освои последното место на турнирот.

.

Прочитано 465 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 13