Топ Вести

(Видео) Македонските јуниори и вторпат поуспешни од Бугарија

23.12.2017 17:39
19577-klasa-sme-za-bugarite-kadetite-pobedija-so-11-razlika

Македонските јуниори и вторпат ја совладаа Бугарија, овој пат со резултат 37:32 (23:16), и ставија печат на дводневната пресметка во Габрово, каде кадетите и јуниорите славеа над Бугарија со вкупни 4:0.

И овој пат се играше ефикасно, но и без квалитетна игра во одбраната, па вкупно беа постигнати 69 голови, вчера 67, што веројатно е единствениот податок што треба да го загрижи селекторот Данило Брестовац.

Во целина, нашите јуниори беа далеку поквалитетни од својот противник, иако Бугарија и не е во редот на репрезентации со нашиот рејтинг.

Овој двомеч е дел од подготовките за Б-шампионатот на Европа, што ќе се игра следната година.

.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 7