(Видео) Неверојатно остварување – голманот на Скјерн одбрани седум седмерци

04.03.2018 22:05
ivanisevic_skjern

Екипата на Скјерн е вкупен победник во плејоф-дуелот со украинскиот Мотор Запорожје, со што обезбеди настап во осминафиналната фаза на Лигата на шампионите, каде за противник ќе го има силниот состав на Веспрем.

Една од причините за неуспехот на Мотор Запорожје е очајната изведба на седмерците. Имено, на денешната средба против Скјерн му беа досудени дури девет удари од седум метри, од кои Мотор реализираше – само еден. Јунак во редовите на Скјерн беше српскиот репрезентативев Тибор Иванишевиќ, кој одбрани неверојатни седум седмерци од седум обиди, што веројатно е рекорд на Лигата на шампионите.

Интересно, Иванишевиќ од идната сезона ќе му биде соиграч на нашиот Филип Миркуловски во редовите на Вецлар.

.

Прочитано 551 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 5