Топ Вести

(Видео) Серафимов ги предводеше кадетите во нова победа против Бугарија

23.12.2017 17:20
kadeti-rakomet-615x400

Кадетите на Македонија и во вториот пријателски натпревар ја совладаа селекцијата на Бугарија, која ја победија со резултат 32:27 (16:15).

Денешната победа е поскромна од вчерашната, која беше изразена со 11 голови разлика, а тоа се должи на израмнетото прво полувреме во кое дури седум минути бевме без погодок. Сепак, во вториот дел нашите репрезентативци покажаа подобра игра и дојдоа до победата.

За одбележување е ефектот на нашиот Мартин Серафимов, кој постигна дури 12 гола и уште еднаш покажа дека е најталентираниот ракометар во таа генерација и голема надеж на македонскиот ракомет.

Македонските кадети одиграа пет средби во текот на една седмица, вкупно осум во текот на подготовките за Б-шампионатот на Европа, кој ќе се игра следната година.

.

Прочитано 489 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 9 =