Топ Вести

Висок пораз на Металург 2

23.09.2017 19:55
180320172_DSC0006_resize

Металург 2 ја загуби средбата од второто коло на ВИП Суперлигата, откако на гостувањето во Битола е поразен од екипата на Пелистер, со високи 37:21 (18:13).

Долго време гледавме рамноправен натпревар во кој Металург 2 имаше постојано водство во првите десетина минути. Потоа водството го презеде домашниот состав, но уште долго време на секој гол на Пелистер одговаравме со наш погодок. Така беше се до резултат 12:12, а потоа Пелистер го направи првиот исчекор кон победата. Направи серија од 4:0, за веќе убедливи 16:12. Првото полувреме заврши со предност на противникот од 5 гола, 18:13.

За жал, второто полувреме ракометарите на Металург 2 го одиграа лошо, што му даде можност на тимот на Пелистер да забележи висока победа, со цели 16-ет гола предност, 37:21.

Пелистер – Металург 2  37:21 (18:13)

Пелистер: Јагуриновски 4, Маџовски 1, Ивановски 1, Чантурија 6, Димитровски 4, Апостоловски, Рајичиќ, Чуриќ 1, Орџоникидзе 5, Босеовски, Лазаров 7, Митиќ 6, Тодоровски и Везенковски 2.   Седмерци: 5/5.   Исклучувања: 6 минути.

Металург 2: Петковски, Даниловски, Младеновиќ 2, Гошевски 2, Тодоров, Смилевски, Серафимов 6, Арсеновски 3, Лембанов, Шилегов 3, Мелоски 3, Божиновски, Додиќ, Трајковски, Кофиловски и Палевски 2.    Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 6 минути.

Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.

Делегат: Јован Василев од Битола.

Прочитано 461 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 6 =