Топ Вести

Висок пораз на Металург 2 во Охрид

12.12.2017 22:12
_DSC0197_resize

Екипата на Металург 2 претрпе убедлив пораз на гостувањето во Охрид, каде истоимениот суперлигаш не совлада со високи 34:22 (19:11).

Домашниот состав заслужено дојде до победата и новите три бода, бидејќи водеше во најголем дел од средбата, најчесто со повеќе голови разлика.

Победата екипата на Охрид ја обезбеди уште во првото полувреме, особено кога при крајот на првиот дел постигна серија од дури 7:0.

Слично се играше и во вториот дел, во кој Охрид во неколку наврати имаше и максимална предност од 13 гола.

.

Охрид 2013 – Металург 2  34:22 (19:11)

Охрид 2013: Стојаноски, Андоноски 2, Младеновски 3, Ивановски 3, Блажески 10, Костов 1, Ристески, Бирдахиќ, Спасовски 1, Трајкоски, Адамовиќ 4, Кљајиќ 4, Тасески 3, Андоновски и Димитријески 3.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 2 минути.

Металург 2: Смилевски 3, Гошевски 1, Божиновски 1, Петковски, Кофиловски 1, Даниловски, С.Додиќ 1, Лембанов 1, Младеновиќ, Гајиќ 3, Мелоски 2, Кондев 2, Митиќ 2, Трајковски, Ристовски и Шилегов 5.    Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Михајло и Методија Илиевски.

Делегат: Јован Василев.

Прочитано 285 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 9 =