Топ Вести

Во Автокоманда, Металург 2 го сруши лидерот Радовиш

24.05.2017 17:31
_DSC0041_resize

Во Автокоманда вечерва гостуваше лидерот на плејаут-групата, екипата на Радовиш, која дојде како фаворит на оваа средба, но замина поразен и детронизиран.

Неочекувано лесно Металург 2 го надигра Радовиш и запиша три бода, кои за жал најверојатно нема да бидат доволни нашиот тим да го избегне баражот за опстанок во лигата.

Металург 2 фуриозно го започна натпреварот. Двата гола постигнати од позициони напади и три од брзи контри, ни дадоа почетна предност од 5:0 уште во 6. минута. Во 11. минута веќе имавме предност од 6 гола, 8:2, а потоа Радовиш конечно доби можност да возврати. Во остатокот од првото полувреме се играше рамноправно и овој период заврши со наше водство од 4 гола разлика, 17:13.

И почетокот на вториод дел мина во знакот на Металург, кој брзо дојде и до предност од 7 гола, 24:17. Високата предност Металург ја задржа скоро до крајот, кога малку загубивме во концентрацијата и му дозволивме на Радовиш да го намали поразот.

Металург 2 – Радовиш  32:28 (17:13)

Металург 2: Обреновиќ, Матијашиќ 2, Лазаревски 4, Шулевски 2, Младеновиќ, Димитриоски 7, Гошевски, Стојменов, Шилегов 3, Петковски, Лембанов, Танкоски 6, Смилевски 1, Серафимов 7, Божиновски и Прцуловски.   Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 2 минути.

Радовиш: Паунов, Постолов, Марков 2, Билиќ, Ѓорѓиев 3, Милосављевиќ 7, Фенов 2, Атанасов, Соколов 7, Чизмовиќ 1, Спасов, Арсов, Ристов 6, Глигоров и Јованов.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје.

Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 4