Топ Вести

Во Автокоманда, Вардар Јуниор го совлада арогантниот Металург 2

01.10.2017 16:22
_DSC0029_resize

Ракометарите на Вардар Јуниор дојдоа до своите први три бода, откако денеска го совладаа тимот на Металург 2 во чии редови настапија дури седум ракометари со искуство од Лигата на шампионите. Можеби токму тоа и беше причина за индолентната, па и арогантна игра на нашите ракометари, кои мислеа дека до победа ќе дојдат со самото свое појавување на теренот.

Порозната одбрана и очајната реализација беа “заштитни знаци“ на нашето денешно издание, а нашите ракометари промашија четири седмерци и дури единаесет зицери, упатувајки удари што “требаше да ја воодушеват публиката“, а што завршуваа во рацете на одличните вардарови голмани, или покрај голот. Вардар играше со срце и играше грубо, за што беше казнет со дури 18 минути исклучувања, или со дванаесет минути повеќе од нас. Но, тие дванаесет минути ракометарите на Металург 2 не само што не ги искористија, туку примија и пет гола, три со играч повеќе и два со дури двајца играчи повеќе. Очајната слика ја надополнија и големиот број на технички грешки, кога топката едноставно паѓаше од рацете на нашите ракометари, а додавањата одеа директно во рацете на противникот.

Се на се, натпревар што треба да се анализира и да ги освести нашите млади ракометари, кои треба да разберат дека во секој натпревар мора да се влегува максимално концентрирано и сериозно.

Самата средба резултатски мина во рамноправна борба, но Металург 2 беше тимот што во поголем дел од средбата го бркаше резултатот на противникот. Првото полувреме го добивме во самиот финиш, но од почеток на вториот дел Вардар повторно стекна предност која ја задржа до крајот. Во последниот напад имавме 16 секунди за израмнување, но не реализиравме и бодовите заслужено заминаа со ракометарите на Вардар Јуниор.

.

Металург 2 – Вардар Јуниор  22:23 (9:8)

Металург 2: Даниловски, Томовски, Шилегов 2, Гошевски, Тодоров, Смилевски, Серафимов 4, Арсеновски 4, Лембанов 1, Мелоски, Младеновиќ, Кондев, Танкоски 7, Гајиќ, Кофиловски и  Палевски 4.   Седмерци: 3/7.    Исклучувања: 6 минути.

Вардар Јуниор: Н.Кизиќ, Димов 3, Чакалиќ, Крстевски, Мишевски 9, Трајковски, Владимиров, М.Кизиќ, Петковски, Трпчевски 2, Николовски, Димитровски 2, Кукуловски 6, Стојменов 1, Атанасовски и Цветаноски.    Седмерци: 0/5.    Исклучувања: 18 минути.    Црвен картон: Стојменов.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 2.044 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 8