Во Белград надиграна е и Србија

06.01.2018 10:09
SRBIJA_MAKEDONIJA

Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија се враќа од Белград со максимални две победи од подготвителните пријателски средби. По убедливата победа над Саудиска Арабија во првиот меч, избраниците на Раул Гонзалез одиграа одлично и против домаќинот Србија, кого го совладаа со 32:29 (14:13).

Првото полувреме мина во израмнета борба, па сепак Македонија, по неколкуте промени на водството, на пауза замина со предност од еден гол, 14:13. Во второто полувреме во неколку наврати водевме и со 4 голови разлика, па, и покрај обидите на Србија да се врати во игра, Македонија знаеше како да ја задржи предноста и да стигне до заслужен триумф.

Гоце Георгиевски беше најдобар реализатор во нашиот состав со 8 погодоци, 6 гола додаде Филип Талески, а на листата на стрелци уште се запишаа и Стоилов со 5, Кирил Лазаров и Пешевски со по 3, Миркуловски, Никола Маркоски и Ојлески со по 2 гола, како и Мартин Поповски, кој постигна 1 гол. На овој натпревар за Македонија не настапија Немања Прибак и Дејан Манасков.

Нашата репрезентација веќе се врати во Скопје, а со тренинзите ќе продолжи по Божиќ, поточно на 8 јануари, а ќе се тренира со редовно темпо од два тренинзи дневно, се до заминувањето за Загреб, кое е предвидено за 11 јануари.

Прочитано 671 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 4 =