Топ Вести

Во Битола, Еурофарм Работник подобар од нашиот Металург 2

07.10.2017 19:05
_DSC0191_resize

Во натпревар од 4. коло на машката ВИП Суперлига, екипата на Еурофарм Работник во Битола му го нанесе третиот сезонски пораз на нашиот Металург 2. Овој натпревар битолчани го добија со резултат 32:22 (15:10).

Искусниот тим на Еурофарм Работник во текот на целата средба го диктираше темпото и имаше целосна контрола врз резултатот и натпреварот. Веќе по првите 30 минути нашиот противник имаше сигурни пет гола предност, кои до крајот на вториот дел ги зголеми до десет. Младите ракометари на Металург 2 немаа сили да го свртат резултатот, а најдобар стрелец во нашиот тим беше Димитар Димитриоски, кој се врати по подолгата пауза поради повреда и кој денеска постигна седум гола.

Во тимот на Еурофарм Работник својот прв натпревар го одигра Стефан Дрогришки, довчерашниот ракометар на Металург, кој денеска постигна шест гола.

По четири одиграни кола, Металург 2 има една победа (Прилеп) и три порази (Пелистер, Вардар Јуниор и Еурофарм Работник). Во следното, петто, коло, Металург 2 во Автокоманда ќе ја пречека екипата на Охрид.

.

Еурофарм Работник – Металург 2  32:22 (15:10)

Еурофарм Работник: Ојлески 5, Трајковски 4, Петровски 1, Пецаковски, Талевски 2, Чурлевски 3, Ивановски, Каковски 1, Мојсоски 6, Ристовски, Мемиќ, Јовановски, Кукоски, Крстевски, Мајнов 4 и Дрогришки 6.    Седмерци: 1/3.   Исклучувања: 14 минути.

Металург 2: Даниловски, Димитриоски 7, Гошевски 3, Тодоров, Василевски, Ристовски, Шилегов 5, С.Додиќ, Лембанов, Младеновиќ, Гајиќ 2, Мелоски 1, Кондев 3, Митиќ, Трајковски 1 и Божиновски.    Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Рубин Седлоски иГоран Ангелески, двајцата од Битола.

Делегат: Јован Василев од Битола.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 4 =