Топ Вести

Во Доха, денеска почнува Супер Глоуб – неофицијалното светско клупско првенство

25.08.2017 16:53
qatar-handball-association-complex-duhail-sports-hall-02

Во Доха (Катар) денеска почнува 11-тото издание на популарниот Супер Глоуб – неофицијалното светско клупско првенство на кое ќе учествуваат осум екипи, меѓу кои и македонскиот и европски шампион Вардар.

Ке настапат: Барселона, Есперанца, Вардар, Нафт-О-Гашаран, Фуксе Берлин, Пињеирос, Ал Сад и Сиднеј.

Четврт-финалните двојки се диригирани, според рејтингот на екипите, па затоа не беше можен дуел меѓу две европски екипи во оваа фаза.

Сите средби ќе се играат во “Духаил Арената“ во Доха.

 

Денешни четврт-финални натпревари:

12 часот: Барселона – Есперанца (двојка 4)
14 часот: Вардар – Нафт-О-Гашаран (двојка 3)
16 часот: Фуксе Берлин – Пињеирос (двојка 2)
18 часот: Ал Сад – Сиднеј (двојка 1)

Утрешни натпревари:

12 часот: Поразен двојка 3 – Поразен двојка 4 (за пласман)
14 часот: Поразен двојка 1 – Поразен двојка 2 (за пласман)
16 часот: Победник двојка 3 – Победник двојка 4 (полуфинале 2)
18 часот: Победник двојка 1 – Побеник двојка 2 (полуфинале 1)

Завршни натпревари (28 август):

12 часот: Меч за 7 место
14 часот: меч за 5 место
16 часот: Меч за 3 место
18 часот: Финале

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 2