Топ Вести

Во драматичен натпревар, Охрид ги однесе бодовите од Автокоманда

01.11.2017 21:52
MJI_42569102016_resize

Денеска во Автокоманда се одигра одложениот натпревар од петтото коло меѓу екипите на Металург 2 и на Охрид.

Видовме навистина драматична средба која на крајот му припадна на гостинскиот тим, кој со новите три бода изби на второто место на табелата, кое сега го дели со екипите на Пролет и на Еурофарм Работник.

Екипата на Охрид имаше предност во текот на сите 60 минути, а  водеше најмногу со четири гола разлика, но младиот Металург 2 постојано беше зад петици и постојано наоѓаше начин да ја направи борбата драматична и неизвесна.

Првото полувреме заврши со минимална предност на Охрид, па вториот дел требаше да го одреди победникот на денешниот натпревар.  Нашите ракометари на самиот почеток израмнија на 17:17, а потоа до самиот крај се играше гол за гол. На крајот повеќе среќа имаа гостинските ракометари, предводени од денеска одличниот голман Трајкоски, кој одбрани дури 16 удари. Победата на Охрид е заслужена, но исто така ќе беше заслужено и ако бодови освоеше и Металург 2.

.

РК Металург 2 – Охрид 2013  31:33 (15:17)

РК Металург 2: Томовски, Даниловски, Димитриоски 3, Гошевски, Лазаревски 3, Смилевски, Серафимов 8, Арсеновски 3, Лембанов, Младеновиќ, Гајиќ, Мелоски, Кондев, Шилегов 1, Танкоски 10 и Палевски 3.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 2 минути.

РК Охрид 2013: Стојаноски, Андоноски 3, Ивановски, Младеновски 5, Блажески 6, Костов, Ристески, Бирдахиќ 1, Трајкоски, Тасески 2, Андоновски, Адамовиќ 5, Димитријески 6 и Кљајиќ 5.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 0 минути.

Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 9