Топ Вести

Во финалето на фајналфорот во машка пионерска конкуренција ќе играат две екипи на Металург

14.05.2017 18:04
_DSCпп0028_resize

Во Охрид денеска се игра пионерскиот фајналфор во машка конкуренција. Меѓу четирите екипи на завршницата се и две екипи на Металург, РК Металург и Торо Спорт од Виница, тимот на нашата школа од овој град.

Во првото полуфинале Торо Спорт ја совлада екипата на Охрид, домаќинот на овој завршен турнир, додека во второто полуфинале Металург му нанесе убедлив пораз на тимот на струмички Астарион.

Екипата на Металург полесно од очекуваното го совлада тимот на Астарион. Тесно беше само на почетокот на оваа средба, се до 4:4, а потоа се случи вистинска катастрофа на струмичани. Имено, Металург успеа да направи серија од дури 10:0, со која и ја реши средбата.

Астарион – Металург  14:25 (6:14)

Астарион: Гогов, Б.Кочев, Јанковски 1, С.Коцев, Котевски, Велков 4, Партинов 1, Кавазов 1, Стојанов 2, Беџовски, Перовановиќ, Нурев 3, Катранџиев, Касапов 1, Ефтимов 1 и Крстев.    Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 2 минути.

Металург: Арсевски, Тодоров 1, Фидановски 3, Костески 4, И.Мелоски 2, Ивановски, Ангеловски 1, Д.Мелоски 1, Петковски, Василевски, Андревски 3, Вељановски 2, Прентовски, Рачевски 2, Младеновски 1 и Ристовски 5.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Младеновски Виктор од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 5