Топ Вести

Во Плоцк, Македонија ремизираше со Белорусија

27.10.2017 21:22
kadeti1-615x400

Кадетската репрезентација на Македонија од денеска е дел на турнирот во Плоцк (Полска), каде за противници ќе ги има селекциите на Белорусија, Полска и на Чешка.

Првата средба е веќе одиграна, а наш прв противник беше селекцијата на Белорусија. Резултатот од овој интересен натпревар е 27:27 (9:14). Одиграна е средба со две различни полувремиња. Првото убедливо му припадна на нашиот противник, додека во второто Македонија врати со истата мера.

Веќе утре Македонија ќе ја одигра втората средба, против домаќинот Полска, која денеска убедливо ја совлада Чешка, со резултат 32:26 (16:12). Средбата со Полска на распоред е утре, со почеток во 13 часот.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 13