Топ Вести

Во продажба влезниците за средбата Металург – Горење Велење

17.10.2017 11:05
121022017MJI_0029_resize

Средбата од 6. коло на СЕХА-лигата, против екипата на Горење Велење, на програмата е в среда (18 октомври), со почеток во 18.45 часот.

Оваа средба се игра во ВИП арената “Борис Трајковски“, а во продажба веќе се пуштени влезниците за овој натпревар.

Влезниците за оваа средба се по цена од 150 денари за М-блоковите и по 100 денари за сите други блокови. Влезниците се продаваат онлајн, на следние линкови: www.karti.com.mk и  http://www.mktickets.mk/

На денот на натпреварот (средба) влезници ќе можат да се купат и во билетарата на ВИП арената “Борис Трајковски“.

Ве покануваме да дојдете и да ни ја дадете вашата поддршка.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 7