Топ Вести

Во Сараево почна 2-от Меѓународен кадетски турнир “Повеќе од игра“

08.09.2017 17:04
21055853_700500066822739_4638079048828145026_o

Во Сараево, главниот град на БиХ, денеска почна 2. Меѓународен кадетски турнир “Повеќе од игра“, на кој учествува и кадетскиот тим на Металург, предводен од директорот на Академија Металург Тони Ристески и од тренерот Никола Матлиески.

Натпреварите се играат во салата “Рамиз Салчин“ во Мојмило, а секој натпревар се игра со две полувремиња од по 20 минути и пауза меѓу полувремињата од 10 минути.

На турнирот учествуваат осум екипи, поделени во две групи:

Група “А“: Селекција на градот Сараево, РК Металург, РК Партизан и РК Извиѓач,

Група “Б“: РК Борац, РК Балиќ/Метличиќ, РК Црвена Звезда и РК Цеље ПЛ.

 

Распоредот на натпреварите на Металург:

08.09.2017, 17.15 часот: Металург –Извиѓач

09.09.2017, 10.00 часот: Селекција на Сараево – Металург

09.09.2017, 15.10 часот: Партизан – Металург

10.09.2017, натпревари за пласман:

10.00 часот: Натпревар за 7-то место

11.00 часот: Натпревар за 5-то место

12.00 часот: Натпревар за 3-то место

13.00 часот: Финале

Прочитано 3 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 3