Топ Вести

Војводина остана без својот тренер

18.09.2017 22:54
rudic_bosko

Екипата на Војводина, со која Металург ќе се сретне во рамките на четвртото коло во СЕХА-лигата, остана без својот тренер Бошко Рудиќ.

По трите порази во СЕХА-лигата и болниот пораз од Црвена Звезда на средбата за Суперкупот на Србија, Бошко Рудиќ поднесе неотповиклива оставка.

Подолго време работите не функционираат и време е за некаква шок-терапија, а таква може да биде промената на тренерот. Во секој случај ќе имаме дополнителен состанок со раководните луѓе и ќе видиме какви ќе бидат натамошните чекори“, изјави Рудиќ.

Металург утре на пладне ќе отпатува за Нови Сад, а средбата со Војводина е закажана за среда, 20 септември, со почеток во 17.45 часот.

Прочитано 235 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 8