Топ Вести

ВТОРА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА

13.01.2013 20:05
HANDBALL-WC2013-MEN-QAT-MKD

Македонската репрезентација го доби и вториот натпревар на СП во Шпанија. Победена е селекцијата на Катар, со резултат 34:30 (21:13). Со оваа победа нашите ракометари, со голема веројатност, обезбедија пласман во нокаут-фазата и во следните три средби ќе се обидат да дојдат до што подобар пласман и полесен противник во продолжението на првенството.

Денеска видовме две различни полувремиња. Во првото одигравме перфектно, онака како што посакува и очекува македонската јавност. Стекнавме висока предност, најголема при резултат 20:9, со фантастични 90 проценти реализација. На полувреме заминавме со предност од 8 гола, 21:13.

Во вториот дел очекувавме да продолжи притисокот на нашата репрезентација и вистинска катастрофа на Катар. Наместо тоа, се вратија сликите од вчерашниот натпревар против Чиле и кризата кај нашите ракометари. Во еден момент дури и стравувавме за конечниот исход. Особено загрижува фактот што од двете најслаби репрезентации во нашата група примивме вкупно 58 гола (28+30). Македонија допрва треба да се сретне со трите европски селекции од нашата група, а тоа се репрезентации со многу поквалитетни напаѓачи од оние со кои имавме работа досега.

Сепак победата е победа, а веќе од задутре не чекаат вистинските искушенија. Најдобри во нашата репрезентација беа Кире Лазаров (МВП на средбата) со 9, Манасков и Наумче Мојсовски, со по 6 постигнати гола, и Борко Ристовски на нашиот гол.

Team_9425Македонија – Катар  34:30 (21:13)katar

Македонија: Ристовски (11 одбрани), Митревски (3 одбрани), Миркуловски, Манасков 6, Н.Мојсовски 6, Георгиевски 1, К.Лазаров 9, Ф.Лазаров 2, Левов 1, Темелков 2, Димовски 1, Стоилов 3, В.Маркоски 1, Н.Маркоски 2, Јоновски и Ангеловски.   Седмерци: 3/3 (сите К.Лазаров).    Исклучувања: 10 минути.

Прочитано 490 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 4