Топ Вести

За крај на сезоната во Автокоманда, висока победа над Работнички

27.05.2016 19:49
_DSC0092_resize

Металург денеска го одигра последниот натпревар од сезоната пред својата публика, во кој катастрофално го победи тимот на Работнички. Натпреварот имаше повеќе ревијален карактер, бидејќи Металург многу порано го обезбеди второто место, а Работнички го нанижа и деветтиот пораз, па и двата тима настапија во комбинирани состави.

Нешто порамноправно се играше во првата половина од првото полувреме, кога Работнички се уште успеваше да го држи чекорот, но потоа се тргна во посакуваната насока. Металург фати ритам, кој за противничкиот состав беше недофатлив, па набрзо се створи разлика, која до одморот стигна до 7 гола.

Уште полошо минаа гостите во вториот дел во кој до израз дојдоа квалитетот и подолгата клупа на Металург, па разликата почна рапидно да расте се до конечните +17.

На Металург до крајот на првенството му преостана гостувањето во Струмица, кое резултатски ништо не значи.

Металург – Работнички  36:19 (16:9)

Металург: А.Пешевски, Томовски, Матиќ 2, Мраковчиќ 1, Маџовски 1, Божовиќ 4, Вујовиќ 4, Бувиниќ, Кузмановски, Јагуриновски 4, Крстевски 3, Кукоски, Талески 4, Пешевски 4, Палевски 5 и Арсеновски 4.   Седмерци: 1/3.     Исклучувања: 4 минути.

Работнички: Ѓорѓевски, Илиќ 5, Шулевски, Милошевски, Крстевски, Орданоски, Марсениќ 12, Алушовски, Јовевски, Станкоски, Алексовски, Гајиќ 2 и Трајковски.    Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Христовски Војо и Мајнов Бобан од Скопје.

Делегат: Климкаров Пеце од Скопје.

Прочитано 936 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 7 =