Топ Вести

ЗАГРЕБ ДОБИ ПОНУДА ШТО НЕ СЕ ОДБИВА И ГИ ПРОДАДЕ ИВИЌ И МИХИЌ

01.04.2015 12:59
Fico_Miha_Meshkov_resize

za tekst

Изненадувачки делува информацијата што ја лиферуваше хрватскиот шампион на својата интернет-страница:

“Со големо жалење ве информираме дека ги продадовме Филип Ивиќ и Ловро Михиќ на белорускиот Брест Мешков. Понудата која челниците на белорускиот шампион Брест Мешков ја ставиле на маса, за време на завршниот турнир на СЕХА во Веспрем, беше предобра за да ја одбиеме во овие тешки моменти, кога грчевито се бориме за секоја куна. Им посакуваме успешна кариера, велат од Загреб.

Филип Ивиќ (23) се смета за најперспективен млад голман во Европа, а Ловро Михиќ (21) е сметан за наследник на Мануел Штрлек.

Ова е голем удар за Веселин Вујовиќ, кој се надеваше подолго време да го задрши комплетниот тим. Ова е удар и за амбициите на Загреб во Лигата на шампионите, бидејќи договорот ги обврза двајцата млади ракометари веднаш да го напуштат Загреб и да продолжат во белоруското првенство.

Инаку, договорите се потпишани со важност од две години.

Брест Мешков не ја потврди оваа информација на својата страница, а, бидејќи денеска е 1 април, најверојатно се работи за шега на хрватскиот шампион, особено што и Брест Мешков сензационално објави дека потпиша петгодишен договор со Роланд Миклер, голманот на Веспрем

Прочитано 3.715 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 8 =