Заврши евросезоната за Металург

06.12.2015 21:36
AND_3979_resize

za tekst

Со одигрување на средбата од 10. коло на групната фаза, за Металург заврши евросезоната. Металург денеска загуби во Елверум, со резултат 23:29 (7:15).

Видовме натпревар со две различни полувремиња. Прво, кое го одигравме лошо и немотивирано, и второ, во кое не само што бевме рамноправни, туку и го добивме, со резултат 16:14.

Решавачка беше нашата игра во првото полувреме, игра со многу технички грешки и слаба реализација во нападот, па дозволивме противникот да замине на пауза со осум гола предност. Свое влијание имаше и голманот на Елверум, Нергард, кој одбрани 11 удари. За разлика од него, Дупјачанец полувремето го заврши без одбранет удар, но мора да се знае дека Даниел стоеше на голот со незалечено раме, повреда која сигурно дека го спречи да го даде својот вообичаен допринос.

Второто полувреме не ветуваше на почетокот, бидејќи противникот стигна и до +10, 24:14, во 46. минута, но потоа мина во знакот на нашите ракометари. Металург притисна врз голот на Елверум и тоа со своите помлади ракометари, па во два наврати дојдовме и до негатива од само пет гола, 27:22 и 28:23. За одбележжување се дебитанските голови во Лигата на шампионите на дури двајца наши ракометари. Горан Крстевски постигна три гола од седум метри, а Костадин Петров даде два од игра, а неговата шрауба е стана и еден од најубавите голови на средбата.

Елверум – Металург  29:23 (15:7)

Елверум: Нергард (15 одбрани), Линдеруд, Фредриксен, Бјоркман 2, Оверби 3, Ватстром, Боресен, Нордберг 1, Мехл, Јансруд, Линдбое 8, Буруд, Екрен 1, Митровиќ 7, Стегавик 7 и Оејен. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 8 минути.

Металург: Дупјачанец (2 одбрани), Вуковиќ (3 одбрани), Петров 2, Мраковчиќ, Маџовски, Божовиќ 5, Костески 1, Матиќ 3, Шпилер 1, Бувиниќ 2, Кузмановски 2, Кукоски, Крстевски 3, Талески 2, Пешевски 1 и Палевски 1. Седмерци: 6/7. Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 793 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 3