Топ Вести

Заврши меѓународниот турнир “Струга 2017“

16.08.2017 22:25
_DSC0001_resize

Во вчерашните натпревари за пласман, заврши 45-тото издание на меѓународниот турнир “Струга“.

Екипата на Металург го освои третото место, по победата над тимот на Охрид. Вторпат едноподруго победничкиот пехар патува во Франција, каде ќе ги краси витрините на Шартр.

 

Вчерашни резултати:

Натпревар за петтото место:  Алингсас – Струга  46:18 (26:9)

Натпревар за третото место:  Охрид – Металург  28:33 (15:15)

Натпревар за првото место:  Бешикташ – Шартр  26:29 (13:14)

 

Конечен пласман:

1. Шартр (Франција)

2. Бешикташ (Турција)

3. Металург (Македонија)

4. Охрид (Македонија)

5. Алингсас (Шведска)

6. Струга (Македонија)

 

Поединечни награди:

За најдобар голман е прогласен Благојче Трајкоски од екипата на Охрид.

За најдобар стрелец е прогласен Андрас Флодман од екипата на Алингсас.

За МВП на турнирот е прогласен Един Башиќ од екипата на Шартр.

Прочитано 1.760 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 4