Топ Вести

Заврши меѓународниот турнир во Белград

29.12.2017 15:01
22122017211302_web_trofej-beograda-novogodisnji-rukometni-turnir-2017-fc02a

Денеска заврши 14-от меѓународен новогодишен ракометен турнир „Трофеј на Белград 2017“, кој од 27 до 29 декември се одржи во Белград во осум спортски сали.

На турнирот во Белград учествуваа 93 екипи од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Романија и Франција, од кои 56 во машка и 37 во женска конкуренција. Децата се натпреваруваа во три старосни групи и тоа родени во 2001, 2003 и во 2005 година.

Металург учествуваше со две машки и со две женски екипи, кои се натпреваруваа во повозрасни старосни групи од својата, односно кадетите на Александар Јовиќ и кадетките на Даниела Тасевска, родени 2002/2003, се натпреваруваа во генерацијата 2001, додека, пак, пионерските екипи на Оливер Димитриоски и на Наталија Тодоровска, родени 2004/2005, се натпреваруваа во генерацијата 2003 година. Големата разликата во години, како предност на сите наши противници, го лимитираше успехот на нашите екипи, кои на крајот освоија две 11-ти, едно 14-то и едно 15-то места.

Екипите на Металург вечерва ќе се вратат во Скопје.

.

Резултати:

Машки 2001  (Александар Јовиќ)

Среда:

Урбан Скејп – Металург  18:13

Четврток:

09.50 часот:   Први Ас – Металург  19:22

14.00 часот:   Металург – Партизан  18:21

Денеска:

11.30 часот:   Металург – Синѓелиќ  18:20

Оваа наша екипа заврши на 11-то место од 16 пријавени екипи.

Машки 2003  (Оливер Димитриоски)

Среда:

Металург – Стрпче 2  17:7

Четврток:

10.45 часот:   Студенски Град – Металург  18:9

15.35 часот:   Металург – Раднички  17:14

Денеска:

10.10 часот:   Рибница – Металург  12:11

Оваа наша екипа заврши на 11-то место од 24 пријавени екипи.

Женски 2001  (Даниела Тасеска)

Среда:

Белград – Металург  27:13

Четврток:

09.00 часот:   Јуниор – Металург  27:16

13.10 часот:   Шрам СГ – Металург  28:17

Денеска:

12.20 часот:   Копар – Металург  22:19

Оваа наша екипа заврши на 15-то место од 16 пријавени екипи.

Женски 2003  (Наталија Тодоровска)

Среда:

Металург – Копар  6:10

Беране – Металург  18:7

Четврток:

09.40 часот:   Металург – Авала  8:17

Денеска:

11.40 часот:   Медицинар – Металург  12:13

Оваа наша екипа заврши на 14-то место од 16 пријавени екипи.

Прочитано 2 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 5 =