Топ Вести

ЖЕЛЕЗАРНИЦА 82’

13.01.2012 01:17
DSC03124_resize

Во 1982 година, на традиционалниот турнир на Металург, настапија прволигашите Дубочица од Лесковац и Железничар од Ниш, како и екипите на Металург, Вардар, Пелистер и Пролет. Екипите беа поделени во две групи од по три тима. Првиот ден, Металург најпрво загуби од Дубочица со високи 37:23, а потоа  ја порази екипата на Пролет со 28:20. Дубочица отиде во финале каде го порази ланскиот победник, екипата на Железничар од Ниш, и го освои турнирскиот пехар. Металург го повтори ланскиот успех, бидејки во борба за третото место ја совлада екипата на Пелистер со 24:23. Турнирот беше одлично организиран од страна на Металург, и се етаблира како еден од најсилните турнири на нашите простори.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Јовановиќ од Дубочица, за најдобар голман – Карабатиќ од Железничар, додека, со постигнатите 26 гола, нашиот Деловски стана најдобар стрелец.

Фото:

Прочитано 221 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 0