Топ Вести

ЗИМСКО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО СЕЗОНАТА 1983/4 ГОДИНА

01.02.2012 01:12
DSC03171_resize

11-тото зимско првенство на Македонија, Металург го освои победувајки ги сите свои противници, најпрво во својата втора група, а потоа и во дуелите со победниците на групите. Финалниот турнир се одигра во Скопје со учество на Партизан од Кр. Паланка (победник на 1 група), Металург (2 група) и Работнички (3 група). Победникот на 4 група, Т.Комбинат, не допатува и остана без пласман. Во меѓусебните дуели, Металург ги совлада двата свои противници и тоа: тимот на Партизан со 27:17 (12:12) и Работнички со 22:18 (12:5). На крајот се одигра и финална средба во која Металург, уште еднаш, го победи тимот на Партизан од К.Паланка со резултат 29:27 (15:14).

На првенството, Металург настапи со следниот состав: Јаковлевски, Николовски, Чокрев, Атанасовски, Костадинов, Митевски, Хаџиевски, Темелковски, Балчев, Кизевски и Лудвиг.

Фото:

Прочитано 315 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 0