1981 ГОДИНА – ПРВА “Б“ ЛИГА

02.01.2012 19:57
DSC03073_resize

Во 1981 година дојде до реорганизација на лигите во југословенскиот ракомет. Некогашната Втора лига – Југ, додатно засилена, се преименува во Прва лига “Б“. Металург, кој претходната сезона успеа да го сочува второлигашкиот статус, овојпат подготвено го дочека почетокот на новото првенство. Екипата беше засилена со Русмир, кој дојде од Вардар, Груевски од Пролет, и особено со репрезентативниот голман Јовановски, дојден од Трепча.

Во едно интервју, дадено пред почетокот на сезоната, Никола Богдановски ќе каже:

– Минатата сезона, посилен дел од екипата беше нападот, додека во одбраната бевме просечни. Постигнувавме многу голови, но и примавме. Со доаѓањето на Ванчо Јовановски, сметам дека одбраната ќе добие во стабилност, што ќе има свој одраз во нашите резултати. Според мене, главни фаворити за челното место се екипите на Кристал од Заечар и Ловќен од Цетиње, а ако имаме и ние шанса, ќе знаеме да ја искористиме. Припремите ги почнавме во Маврово, за потоа да продолжиме во Струга каде одигравме поголем број контролни натпревари.

Фото:

Прочитано 201 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 4 =