1981 ГОДИНА – “ЖЕЛЕЗАРНИЦА 81“

02.01.2012 21:04
DSC03078_resize

Четвртото издание, на веќе традиционалниот турнир, беше посветено на 10-тата годишница од постоењето на клубот. Се одржа на 22 и 23 август, во исклучително силна конкуренција. Покрај Металург, настапија прволигашките екипи: Железничар од Ниш, Раковица од Белград и Дубочица од Лесковац, како и екипите на Вардар и Работнички.

Првиот ден Железничар го победи Работнички, Дубочица го совлада Вардар, додека Металург загуби од Раковица со 32:38.

Во финалето Железничар ја совлада Раковица со 38:27, додека во борба за третото место Металург загуби од Дубочица со резултат 22:29  (10:13). Ванчо Јовановски беше прогласен за најдобар голман, а Деловски за најдобар стрелец со постигнати 31 гол. За најдобар ракометар на турнирот беше прогласен легендарниот Часлав Грубиќ од Железничар.

Металург, на турнирот настапи во следниот состав: Јовановски, Трајчевски, Б.Јосифовски, С.Јосифовски, Чокрев, Маневски, Деловски, Лудвиг, Хаџиевски, Велјановски, Василевски, Силјановски и Митевски.

Фото:

 

 

Прочитано 194 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 1 =