1993 ГОД. МЕТАЛУРГ И ВАРДАР ВАТРОСТАЛНА СЕ ВОЈУВАА ЗА ИЗЛЕЗ ВО ЕВРОПА

25.12.2011 15:04
DSC03331_resize_resize

Во 1993 година Металург и Вардар Ватростална одиграа плеј-оф двомеч за третото место кое обезбедуваше излез во Европа.

Првиот натпревар се одигра во салата “Расадник“ пред околу 500 гледачи. Мечот го судеа Папунџиев и  Чапканов од Скопје. Дербито заслужено го доби Металург кој целиот натпревар го одигра во еден здив, цврсто и бескомпромисно. Посебно беа расположени голманот Петрушевски кој ги “откажа“ стрелците на Вардар, и Гого Јовановски кој со 7 гола го изрешета голот на домакините. Во 45 минута, Металург водеше со 19:10 и на повидок беше вистинска катастрофа, но во последниот дел дојде до опуштање на нашите ракометари. Тоа го искористи Вардар, се доближи до 22:21, а на крајот, со седмерец, стекна и шанса да го изедначи натпреварот. Со фантастичната одбрана на Петрушевски, тоа не се случи.

Вардар Ватростална – Металург Огномак  21:23  (9:13)

Вардар Ватростална: Петковски, Ѓеоргиев 4, Ж.Стојановски, Д.Георгиевски, Ташковски 4, Кузмановски, Хајрединовиќ 4, Тасевски 2, С.Георгиевски 3, Е.Стојановски 2, Андоновски 2, Брестовац.

Металург Огномак: Петрушевски, Петрески 2, Давков 2, Чокрев, Стојановиќ 3, Давковски 3, Јовановски 7, Јанев 4, Џабирски, Велков, Цоневски, Милошевски 2.

————————————————————————————————————————————————————

Реваншот се одигра во нашата сала во Автокоманда, пред 1500 гледачи. Судеа Ивановски и Горковски од Скопје. Со оглед на важноста на натпреварот, мечот помина во нервозна игра, но без поголем инцидент. Металург постојано беше во водство, 2:0, 6:3, 8:4, па сепак првиот дел заврши со резултат 8:7. Во второто полувреме, Металург прикажа борбена игра. Се “гинеше“ за секоја топка, и на крајот заслужено победивме.

Металург Огномак – Вардар Ватростална  21:19  (8:7)

Металург Огномак: Петрушевски, Велков, Петревски 2, Давков 2, Чокрев 2, Стојановиќ 3, Давковски 3, Јовановски 5, Јанев 1, Џабирски, Цоневски, Милошевски 3.

Вардар Ватростална: Петковски, Брестовац, Георгиев 4, Е.Стојановски 5, Стојановски 3, Ташковски, Кузмановски, С.Георгиевски, Хајрединовиќ 1, Тасевски 2, Ивановски 2, Андоновски 2

Металург го освои третото место и доби виза за натпреварување во Купот на градовите на ЕХФ.

Фото:

Прочитано 297 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 7 =