ПОЧНА ТУРНИРОТ ВО СТРУГА. МЕТАЛУРГ ЛЕСНО ДО ПОБЕДА ПРОТИВ ДОМАЌИНОТ

15.08.2013 03:26
DSC_8829

Во Струга денеска свечено е отворен традиционалниот 41. меѓународен ракометен турнир “Струга 2013“.
Во првиот натпревар се сретнаа ланскиот победник, екипата на Металург, и домаќинот на турнирот, екипата на Струга. Иако Металург настапи со својот младински состав, засилен со неколку ракометари од првиот тим, никој не се сомневаше дека ќе извојуваме лесна и убедлива победата. Металург уште во првото полувреме стекна недостижна предност, 13:8, која до крајот на натпреварот стигна и до + 16, 30:14. Најдобри поединци во нашиот тим беа Мартин Манасков, најдобриот стрелец на средбата, и Жарко Пешевски, кој на крајот е прогласен за најдобар ракометар на средбата.

РК Металург – РК Струга  30:14 (13:8)

РК Металург: Митревски, Ангелов, Ојлески 4, Маџовски 2, Пецаковски, Костески 1, М.Манасков 6, В.Маркоски 1, З.Мојсоски 2, Н.Маркоски 1, Топиќ 1, Кеџо 2, Талески 2, Јоноски, Мандиќ 4 и Пешевски 4.  Седмерци: 2/4.      Исклучувања:  4 минути.

РК Струга: Затаракоски, Мечкароски, Топалоски, Кучиноски, Угреновиќ 4, Бадалоски, Колоски 1, Белевски 1, Стојаноски 2, Тасески 2, Јанкуловски, Дуноски, Коџоман, Крстески, Костески, Новаковиќ 1, Нацев 2 и Смачоски 1.  Седмерци: 1/3.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Пауновски Никола и Спироски Оливер.

Делегати: Неделковски Неделко и Каланоски Славчо.

————————————————————————————————————————————————————————————————————-

Денешни резултати:

Металург – Струга  30:14 (13:8)

Вардар ПРО – Констанца  33:26 (15:14)

Брест Мешков – Версај  34:18 (21:9)

Утрешни средби:

18.45 Иври – Констанца

20.30 Металург – Брест Мешков

22.00 Струга – Версај

Прочитано 1.625 пати

(2) Коментари

  1. Ovoj natprevar pokaza deka napravivte odlicen poteg so vklucuvanjeto na mladite od Junior. Od edna strana ke vi pomognat koga ke treba vo SEHA ligata, a od druga strana ke se napravi i selekcija koj od niv ima kapacitet za da bide nositel na Metalurg vo godinite shto doagaat. Spored toa shto go vidovme M. Manaskov ke bide fantasticen igrac kako centralen bek a i solidna pomosh ako zatreba na levo krilo, Talevski ima potencijal no ke mu treba ushte mnogu vreme za da sozree vo odlicen rakometar (za sreka i go ima toa vreme) :) a za drugite e malce rano da se kaze. A i Keggo i Topic ke bidat odlicna podrshka na Vugrinec i Dimovski…

  2. Ќе има металург други пријателски мечеви пред дуелите со Пик Сегед?

Напишете коментар


5 − 3 =