ВИ ЈА ПРЕТСТАВУВАМЕ НАШАТА ШКОЛА ВО КАВАДАРЦИ

16.04.2014 01:30
10001382_10201482346452502_2279856149249340088_n(1)

za tekst

Деновиве нашата академија стана покровител на школа во Кавадарци, која ја помагаме со топки, реквизити за работа, маички за тренинг, а нивните талентирани деца ќе имаат приоритет да преминат вонашите  селективни групи, пионери, кадети и младинци, кои се натпреваруваат во домашното првенство. Школата има околу 60 деца, кои тренираат поделени во две старосни категории.

557798_3897663854032_352656798_n_resizeШколата се вика “Тиквеш 2012 – Металург“, а ја предводи Кире Василев, кој ни изјави: “Со гордост го прифаќаме патронатот на Металург и сме презадоволни што сме дел од системот на Ракометна Академија на Металург. Добро е кога знаеш дека талентите кои ќе се појават во Кавадарци ќе имаат каде да продолжат со напредувањето во ракометната игра. Откако сме дел од Металург имаме и драстичен пораст на кандидати кои сакаат да тренираат во нашата школа. Се надевам дека веќе идната година ќе се натпреваруваме во македонската пионерска лига“.

Фотогалерија:

Прочитано 1.175 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 8