Ацевски, со 19 одбрани, даде огромен допринос во победата на Македонија против Романија

12.10.2019 22:00
kadeti-romanija

Новата кадетска репрезентација на Македонија во својот втор натпревар на турнирот во Бугарија ја совлада селекцијата на Романија, со резултат 26:22 (13:14).

Нашата репрезентација одигра одличен натпревар против селекција која што се натпреварува во ЕХФ Еуро шампионатите. Романците водеа во првото полувреме, но, со серија од 5:0, Македонија го презеде водството во вториот дел и стигна до вредната победа.

Сите репрезентативци заслужуваат пофалба, но голманот на кадетскиот тим на Металург, Давид Ацевски, без конкуренција беше нашиот најдобар играч. Ацевски средбата ја заврши со неверојатни 19 одбрани.

Турнирот во Бугарија завршува утре, а наш последен противник ќе биде екипата на Пирин. Оваа средба е закажана со почеток во 9 часот.

.

Романија – Македонија  22:26 (14:13)

Македонија: Ацевски (19 од), Тодевски, Анастасијевиќ 3, Костовски, Ивановски, Андревски, Стојчевиќ 1, Ташевски 2, Ставревски 6, Ташев 4, Мат. Ивановски, Илиевски 3, Ѓорговски 5, Христовски, Митев 2, Калајџиски и Грујоски.

Прочитано 792 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 2