Аеродром го доби дерби натпреварот со Металург РА

17.04.2021 18:25
DAR_4583_resize

Екипата на Аеродром го доби дерби натпреварот против тимот на Металург РА, одигран во рамките на седмото коло на плејофот на Првата лига. Конечниот резултат од оваа израмнета и интересна средба е 26:24 (15:12).

Овој натпревар се одигра во Автокоманда, а победата на Аеродром е извојувана со подобрата игра во првото полувреме, кое заврши со резултат 15:12.

Второто полувреме мина во голема борба во која Металург РА се обидуваше да го сврти резултатот во своја полза, додека Аеродром настојуваше да ги освои сите три бода. Во неколку наврати нашите ракометари дојдоа на негатива од само еден гол, но немаа сили за целосен резултатски пресврт.

Во следното коло не очекува уште една дерби-пресметка, бидејќи во Автокоманда ќе гостува второпласираниот тим на Шампион.

.

Аеродром – Металург РА  26:24 (15:12)

Аеродром: Куртановиќ, Ивановски, Михајлов 5, Наумовски, Табаковски 3, Божиновски, Маркудов 2, Богдановски 2, Петрески, Стојановски, Пејковски 1, Николовски, Ефтимов 5, Гогов, Митревски 8 и Симоновски.    Седмерци: 3/5.     ИКсклучувања: 4 минути.

Металург РА: Брестовац, Ацевски, Димевски 3, Фидановски 9, Тричковски, Трајкоски, Андревски 2, Ристовски 2, Георгиевски, Шкријељ, Мандиќ 3, Прцуловски, Петревски 2, Додиќ 3 и Таневски.     Седмерци: 7/8.      Исклучувања: 4 минути.

Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески.

Делегат: Илија Цветкоски.

Прочитано 101 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 5 =