Академија Металург ги доби своите шампиони за 2018 година

12.06.2018 11:56
_DSC0618_resize

Најстарото и најмасовното клупско натпреварување во Македонија, мини-лигата на Академијата Металург, ги доби своите шампиони за 2018 година. Со тоа традиционално и заврши ракометната сезона во Металург.

Преку 40 екипи, од десетина градови на Македонија, настапија во мини-лигата на Академијата Металург во сезоната 2017/18. Преку 500 млади ракометари и ракометарки, борејќи се во регионите Скопје и Исток, учествуваа во нашата мини-лига. До завршницата, одржана во Автокоманда, стигнаа само најдобрите…

Оваа година се натпреварувавме во три старосни категории: 2008 и помали, 2006/7 и 2004/5, во машка и во женска конкуренција, а најмногу успех постигна нашата школа од Охрид, Сани 14, со освоени две први, две втори и едно трето место.

Фајналфор-турнирот мина борбено и драматично, израмнето како никогаш досега. За тоа сведочат дури четири натпревари во кои победникот мораше да се добие по изведување на пенали.

Честитки за сите учесници, а посебни честитки за победниците.

Еве ги и најдобрите:

Генерација 2008 и помали во женска конкуренција:

Овие деца не учествуваа на фајналфорот и својот пласман го добија по завршувањето на групната фаза.

Пласман:

3. место:  Маја од Скопје

2. место:  Ревите од Скопје

1. место:  Хандбал Старс од Кичево

Поединечни награди:

Најдобар голман: Габи Божиновска од екипата на Хандбал Старс од Кичево.

Најдобар играч: Ана Марија од екипата на Ревита од Скопје.

Генерација 2008 и помали во машка конкуренција:

Овие деца не учествуваа на фајналфорот и својот пласман го добија по завршувањето на групната фаза.

Пласман:

3. место:  Репро 1 од Скопје

2. место:  Сани 14 од Охрид

1. место:  Дуферко од Скопје

Поединечни награди:

Најдобар голман: Марко Антовски од екипата на Дуферко од Скопје.

Најдобар играч: Антонио Трајановски од екипата на Репро 1 од Скопје.

Генерација 2006/7 во женска конкуренција:

Резултати од фајналфор-турнирот:

Полуфинале 1:  Астра Спорт 1 – Сани 14  8:8 (3:3),  по изведување на пенали 8:10

Полуфинале 2:  ЖРК Металург – Д.И.Малешевски  18:9 (9:4)

Меч за 3. место:  Д.И.Малешевски – Астра Спорт 1  10:11 (5:6)

Финале:  ЖРК Металург – Сани 14  14:15 (6:8)

Пласман:

3. место:  Астра Спорт 1 од Македонска Каменица

2. место:  ЖРК Металург од Скопје

1. место:  Сани 14 од Охрид

Поединечни награди:

Најдобар голман: Дона Маркоска од екипата на Сани 14 од Охрид.

Најдобар играч: Маријана Буразер од екипата на ЖРК Металург од Скопје.

Генерација 2006/7 во машка конкуренција:

Резултати од фајналфор-турнирот:

Полуфинале 1:  Астра Спорт – Сани 14  10:19 (4:10)

Полуфинале 2:  Макстил – Д.И.Малешевски  11:11 (7:4), по изведување на пенали 13:12

Меч за 3. место:  Д.И.Малешевски – Астра Спорт  15:19 (12:12)

Финале:  Сани 14 – Макстил  13:9 (7:3)

Пласман:

3. место:  Астра Спорт од Македонска Каменица

2. место:  Макстил од Скопје

1. место:  Сани 14 од Охрид

Поединечни награди:

Најдобар голман: Дарко Малуковски од екипата на Сани 14 од Охрид.

Најдобар играч: Михаил Стаменковски од екипата на Астра Спорт од Македонска Каменица.

Генерација 2004/5 во женска конкуренција:

Резултати од фајналфор-турнирот:

Полуфинале 1:  Сани 14 – Д.И.Малешевски  10:5 (4:2)

Полуфинале 2:  Брегалница – РШ Макалоски  11:14 (4:6)

Меч за 3. место:  Д.И.Малешевски – Брегалница  10:12 (5:4)

Финале:  Сани 14 – РШ Макалоски  10:12 (5:5)

Пласман:

3. место:  Брегалница од Делчево

2. место:  Сани 14 од Охрид

1. место:  РШ Макалоски од Прилеп

Поединечни награди:

Најдобар голман: Глорија Димитровска од екипата на Брегалница од Делчево.

Најдобар играч: Елени Адела од екипата на РШ Макалоски од Прилеп.

Генерација 2004/5 во машка конкуренција:

Резултати од фајналфор-турнирот:

Полуфинале 1:  Торо Спорт – ПГО  12:11 (8:3)

Полуфинале 2:  Сани 14 – Тиквеш  9:9 (6:6), по изведување на пенали 9:12

Меч за 3. место:  ПГО – Сани 14  14:14 (6:6), по изведување на пенали 15:17

Финале:  Торо Спорт – Тиквеш  15:8 (10:4)

Пласман:

3. место:  Сани 14 од Охрид

2. место:  Тиквеш од Кавадарци

1. место:  Торо Спорт од Виница

Поединечни награди:

Најдобар голман: Благој Панов од екипата на Тиквеш од Кавадарци.

Најдобар играч: Фидан Харалампиев од екипата на Торо Спорт од Виница.

Како и секогаш, завршуваме со заедничката слика на сите учесници на фајналфорот.

_DSC0765_resize_resize

Прочитано 97 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − = 1