Александар Јовиќ: Цеље е фаворит, но ветувам дека ние нема да разочараме

16.03.2018 13:17
29214934_10213361004832409_3809623042225602560_o_resize

Денеска, во Конгресната сала на ВИП Арената СЦ“Борис Трајковски“, се одржа прес-конференција на Металург пред средбата со екипата на Цеље ПЛ, последниот натпревар од тековната сезона во СЕХА-лигата. Своите коментари околу овој натпревар ги дадоа тренерот на Металург Александар Јовиќ и капитенот на екипата Филип Кузмановски.

.

Александар Јовиќ: “В недела го играме последниот натпревар од СЕХА-игата, па би сакал да ја поканам нашата публика да дојде во што поголем број. Во мое и во име на моите играчи можам да ветам дека нема да ги разочараме. Сметам дека наша обврска е овој натпревар да го одиграме како што треба и да го посветиме на нашиот спонзор Минчо Јорданов, кој, и покрај сите проблеми, наоѓа средства за да Металург опстои како клуб и во иднина да се врати на старите патеки. Што се однесува до натпреварот, Целје е апсолутен фаворит, а ние, за да извлечеме поволен резултат, ќе мораме на теренот да ја дадеме својата најдобра игра во оваа сезона. Ќе треба да бидеме максимално борбени во одбраната, додека во нападот ќе треба да играме трпеливо се до чиста позиција за шут. Само со таква игра ќе можеме да извлечеме добар резултат. Не се сомневам дека тоа и ќе успееме да го направиме“.

Филип Кузмановски: “Ова ни е последен натпревар од СЕХА-лигата за оваа сезона. Нема што да загубиме на овој дуел. Целје е фаворит и ние знаеме за каков тим се работи. Тука ќе има можност за надигрување и јас можам да ветам, од мое и од името на играчите, дека ќе дадеме максимум на теренот. Нема да ни биде воопшто лесно. Не смееме да ја повториме играта од СЕХА на гостински терен. Не смее нашата игра да биде добра дома, а лоша во гости и да има толкави промени во формата. Во Прешов бевме многу лоши и тоа не смее да се повтори ниту на домашна сцена. После овој натпревар не очекува краток период за да се подготвиме за натпреварите од домашното првенство. Тука нашата цел е јасна. Цел ни е втората позиција, а и зошто да не се надеваме и на првото место,  бидејќи покажавме дека можеме да играме против Вардар, особено на домашен терен“.

.

Фото:

Прочитано 352 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 9