Александар Јовиќ: Драго ми е што сезоната ја завршивме со победа

18.03.2018 23:08
_DSC0194_resize

Металург оствари блескава победа на средбата против Цеље ПЛ, па своето задоволство од остварениот успех на прес-конференцијата по средбата го изрази нашиот тренер Александар Јовиќ.

.

Александар Јовиќ: “Благодарност до публиката, која во голем број не бодреше и на овој натпревар. Ветивме дека ќе се бориме, дека ќе дадеме се од себе и кажавме дека овој натпревар ќе го посветиме на нашиот спонзор Минчо Јорданов. Тоа го исполнивме и мислам дека ги израдувавме сите. Јас многу ги ценам Целје и нивниот тренер Тамше и им посакувам среќа на претстојниот фајналфор во СЕХА-лигата. Мило ми е што сезоната ја завршивме со победа и сега треба полека да се насочиме кон домашно првенство, кое нема да биде нималку лесно. Ние според квалитетот ја заслужуваме втората позиција, но тоа ќе мораме да го докажеме на терен“.

Вања Илиќ: “Металург и Целје имаат млади и добри играчи и денеска им дадоа прилика. И благодарам на публиката што не поддржуваше. Целје покажа како треба да работи еден клуб. Ние денеска 0дигравме добар натпревар и покрај сите проблеми. Даваме се од себе од натпревар во натпревар, од тренинг во тренинг, ќе дадеме се од себе и за да го обезбедиме второто место во домашното првенство, а, ако имаме можност, ќе го нападнеме и тимот на Вардар за титулата“.

Бранко Тамше: “Денеска се обидов да одморам дел од играчите, бидејќи ни требаат што повеќе играчи кои можеме да ги вклучиме во ротација на претстојните натпревари во словенечката лига. Имаме многу повредени играчи и затоа сме ослабени, дури пет ракометари не допатуваа во Скопје поради повреда, но тоа не е оправдување. Сакав на овој дуел да им дадам шанса на младите играчи, како што тоа го направи и колегата Јовиќ. Игравме брз ракомет, но возврати и Метлаург, кој во финишот на првиот дел ни создадоа предност од 4 гола разлика која постајано ја бркавме. Во неколку наврати дојдовме до израмнување, игравме егал во вториот дел, но неколку грешки во финишот нè чинеа победа“.

Давид Разгор: “Игравме со изменет состав и нашиот тренер правеше повеќе ротации од вообичајното. Целта на оваа средба ни беше победата, но не успеавме иако ни недостигаше малку. Во првото полувреме, Металург успеа во самиот финиш да создаде четири голови разлика, која потоа постојано ја бркавме. Сепак дојдовме до егал завршница, а во второто полувреме и го израмнивме резултатот. На крајот направивме неколку грешки и таа е причината за поразот“.

.

Фото:

Прочитано 438 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 2 =