Александар Јовиќ: Ќе се обидеме да го решиме проблемот со нашата одбрана

05.03.2018 13:37
28768230_10213272584861965_91198647_o_resize

Пред средбата од 16. коло на СЕХА-лигата против екипата на Мешков Брест, кој се игра в среда со почеток во 17.30 часот, Металург денеска одржа редовна прес-конференција.

Своите коментари ги дадоа тренерот на Металург Александар Јовиќ и нашиот млад пикер Милан Лазаревски.

.

28768230_10213272584861965_91198647_o_resize-610x219_resizeАлександар Јовиќ: “Ни преостануваат уште само три натпревари до крајот на регуларниот дел на СЕХА лигата. Дома играме со Мешков Брест, потоа му гостуваме на Татран Прешов и на крајот на домашен терен го пречеуваме тимот на Целје. Од овие три натпревари, јас ќе бидам задоволен ако извојуваме победа на една од средбите. В среда играме со Мешков Брест, кој е апсолутен фаворит, а ние, од наша страна, ќе направиме сè за да го изненадиме противникот, иако имаме многу играчи кои се надвор од тренажниот процес. Имено, Пешевски, Јагањац и Танковски имаат вироза. Ние ја следиме нивната состојба и доколку таа се подобри тие можеби ќе настапат на средбата. Секако дека против Мешков ќе се обидеме да се прикажеме во најдобро светло. Имаме проблеми со одбраната, тоа го покажаа последните неколку натпревари на кои примивме преку 30 голови. Ќе се обидеме да ги поправиме нашите грешки и да го спуштиме Брест под 25 постигнати голови. Доколку го направиме тоа, ќе имаме шанса за изненадување. Ако примиме повеќе од тоа, ќе биде тешко да се постигне добар резултат.

28768230_10213272584861965_91198647_o_resize_resizeМилан Лазаревски: “Точно е дека во натпреваров што ни претстои Мешков влегува како огромен фаворит, но, како што можеме да забележиме на нивните последни натпревари во СЕХА-лигата, па и во ЛШ против Киелце, тренерот Бебешко се повеќе им дава шанса на помладите, за тие да си го најдат своето место во првиот тим. Исто така, Мешков веќе има обезбедено место на фајналфор-турнирот, па очекуваме дека ќе дојдат со некој комбиниран состав. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да има место за опуштање. Ние исто така сме млада екипа, немаме што да загубиме, се подготвуваме и зошто да не направиме некое изненадување?“

Прочитано 386 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2