Александар Јовиќ: Направивме многу грешки, победата на Татран е заслужена

14.03.2018 21:21
_DSC0282_resize

На редовната прес-конференција по средбата, своите коментари ги дадоа двајцата тренери и одбраните играчи на двата тима.

.

Александар Јовиќ: “Без сомнение, квалитетен натпревар. Тренерот на Татран Прешов ја заврши својата работа, мотивирајќи ги своите ракометари долго пред средбата. Од друга страна, ние денеска направивме многу грешки, па победата на Татран е заслужена“

Димитар Димитриоски: “Ова беше нашиот последен гостински натпревар. Сега ќе треба да направиме се што е во нашата моќ, за да победиме на нашиот последен домашен натпревар, кој го играме со екипата на Цеље, и победата да ја прославиме со нашите навивачи“.

Славко Голужа: “Посебна победа за нас и јас сум многу среќен. Посебно ми е драго враќањето на Оливер Рабек, по осуммесечното отсуство поради повреда. Минаа неколку месеци од моментот кога одигравме натпревар во полн состав, а знаеме со кого се се сретнавме во овој период. Затоа, сакам од се срце да му честитам на својот тим. Иако немавме многу време за да се подготвиме за овој натпревар, можам да кажам дека извојувавме голема победа“.

Оливер Рабек: “Со сите сили се трудевме да го минимизираме бројот на грешките на денешната средба и сметам дека успеавме во тоа. Сметам дека ја заслуживме победата, бидејќи дадовме се од себе“.

Прочитано 154 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 5 =