Александар Јовиќ: Ова беше нашиот најлош натпревар во СЕХА-лигата во оваа сезона

27.02.2018 22:32
_DSC0142_resize

Со различни чувства се појавија двајцата тренери на прес-конференцијата, по средбата во Велење. Очекувано, нашиот тренер Александар Јовиќ беше разочаран од изданието на својот тим, за разлика од презадоволниот Жељко Бабиќ.

.

Александар Јовиќ:Честитки за Горење за оваа победа. Домаќините решија сè уште во првото полувреме. Ние одигравме лошо, направивме премногу грешки и му овозможивме на противникот многу лесни голови. Мислам дека ова беше нашиот најлош натпревар во СЕХА-лигата во оваа сезона. Сега не можеме ништо да направиме, освен да ги анализираме денешните грешки и да се надеваме дека нешто ќе научиме од нив“.

Анте Токиќ: “Горење денеска беше подобра екипа во сите аспекти на играта. Тие успеаја да ги сопрат нашите офанзивни акции и постигнаа многу лесни голови од контранапади. Исто така, ние не бевме доволно агресивни во одбраната. Сепак, ние сме млад тим и јас не се сомневам дека ќе извлечеме поука од овој пораз и ќе продолжиме понатаму“.

Жељко Бабиќ:Морам да им се заблагодарам и да им честитам на моите играчи за извонредните перформанси прикажани денеска. Ние бевме многу фокусирани во одбраната, што на крајот доведе до брзи контранапади. Најважно е што успеавме да профитираме од нашата добра игра во одбраната, а и нашите голмани денеска беа неверојатни“.

Нејц Цехте: “Одлично го започнавме натпреварот и постигнавме многу лесни голови. Нашите голмани ни помогнаа да создадеме разликата уште во раната фаза и во тој период сè работеше во наша полза. Доживеавме мала криза во средината на второто полувреме, но на крајот, според моето мислење, заслужено победивме“.

Прочитано 219 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 14