Топ Вести

Александар Јовиќ се стекна со мастер-коуч диплома

06.06.2018 16:39
MJI_1026

Со полагање на третиот модул во Загреб, тренерот на Металург Александар Јовиќ се стекна со диплома Мастер-коуч. Со добивањето на оваа лиценца, Александар Јовиќ стекна можност да води клубови и репрезентации на највисоко можно ниво.

Во Загреб Александар Јовиќ беше дел од група од осуммина македонски тренери, кои се здобија со оваа лиценца, па, покрај Јовиќ, тука беа и Симе Симовски, Аце Станковски, Никола Матлиески, Владимир Глигоров, Александар Петровски, Благојче Весиќ и Душко Кландев.

Оваа група тренери им се придружи на Стевче Алушовски, Данило Брестовац, Звонко Шундовски, Андон Бошковски и Борче Марковски, кои од порано се здобија со оваа престижна диплома.

Прочитано 370 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 7