Александар Јовиќ: Тешка група во која ние ќе бидеме со убедливо најмлад состав

Металург предмалку ги дозна своите противници во групната фаза на Лигата на шампионите, каде ќе се соочиме со екипите на Бјерингбро (Данска), Спортинг (Португалија), Бешикташ (Турција), Чеховски Медведи (Русија) и Татран Прешов (Словачка).
Својот коментар го даде Александар Јовиќ, тренерот на нашиот клуб:
“Се работи за тешка група во која повеќе екипи ќе атакуваат на првите две позиции, кои водат во следната плејоф-фаза. Како фаворити ги гледам екипите на Бјерингбро и на Спортинг Лисабон, но не помалку тешки ќе бидат и дуелите со преостанатите три екипи. Металург во оваа конкуренција ќе настапи со убедливо најмлад тим и секој освоен бод ќе биде и успех и задоволство. Се уште ја немаме комплетирано екипата, па, меѓу другото, и од тоа ќе зависи со какви амбиции ќе ја стартуваме групната фаза“, вели Јовиќ.