Александар Јовиќ: Загреб ја заслужи победата

13.02.2018 22:12
_DSC0173_resize_resize

По средбата Загреб – Металург, се одржа редовната прес-конференција. Своите коментари ги дадоа тренерите  и играчите на двата тима.

.

Александар Јовиќ:Верувам дека одигравме добар натпревар. Загреб ја имаше контролата врз играта во поголемиот дел од натпреварот и јас морам да бидам искрен и да го кажам тоа. Нашата одбрана денеска требаше да биде малку подобра и во иднина ќе мораме да поработиме на минимизирање на бројот на грешките. Загреб денеска имаше неколку расположени ракометари, а Конрец одлично реагираше во ситуации 2-на-2. Се на се, заслужена победа на Загреб“.

Халил Јагањац:Не загубивме со голема разлика. Во тесен натпревар решија ситните детали, а еден таков се трите гола на противничкиот голман. Се разбира, тие денеска беа подобриот тим“.

Златко Сарачевиќ:Не можевме да ја зголемиме разликата и порано да го решиме натпреварот. Ние не можевме да го запреме Халил – тој беше денеска нашиот најголем проблем. Тежок натпревар, како и секој против Металург. Сè уште се обидувам да го пронајдам вистинското решение за нашиот напад. Се надеваме дека ќе решиме тоа“.

Тин Контрец:Важна победа за нас и пласман на фајналфор. Исто така, тоа е добар вовед за следниот натпревар во Лигата на шампионите. Верувам дека ние ќе ја искористиме оваа средба за подобро да се подготвиме за натпреварот против Нант во Лигата на шампионите“.

 

 

 

Прочитано 338 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 1