Александар Шпенде потпиша за Металург

16.10.2018 19:24
thumbnail_20181016_165355_resize

Денеска се завршени сите формалности и словенечкиот ракометар Александар Шпенде потпиша за Металург.

Шпенде (25 г., 197 см., 93 кг.) е ракометар кој игра на позиција лев бек и доаѓа од екипата на Порто, а кој претходно настапувал за екипите на Горење Велење, Марибор и Крка.

Александар Шпенде потпиша договор со важност до јуни 2019 година, но и со можност да биде продолжен.

Задоволен сум што дојдов во клуб со долга традиција и со дефиниран проект за сопствената иднина. Сметам дека Металург е вистинската средина за мојот понатамошен напредок. Се надевам дека ќе бидам во состојба да му помогнам на клубот, како што се надевам и дека од натпревар во натпревар ќе бидеме се подобри и дека сезоната ќе ја завршиме со очекуваниот успех“, изјави Шпенде за нашиот сајт.

Фото:

Прочитано 1.152 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 2 =