АНДРЕЈА ПРОДАНОВ, МАЛИОТ

02.12.2011 22:07
maliot

Андреа Проданов е уникатна личност во клупската историја на Металург. Член е на прочуениот јуниорски тим на Крешо, во Металург е од 1973 година а, освен за јуниорскиот, настапува и за првиот тим. Малиот беше одличен ракометар, играше на позиција десен бек. Без Проданов, Металург, во тоа време, едноставно не можеше да се замисли. Голем другар и исклучително омилена личност, поради својот ведар и позитивен карактер. Освен за својата ракометна позиција, Малиот беше задолжен и за атмосферата во клубот. Знаеше секого да “боцне“, малку потешко поднесуваше кога ќе го “боцнеле“ него. Проданов, во Металург, остана подолго од сите. Прекин има во 1984 година кога заминува во ЈНА, а потоа е повторно во екипата. Во касните 90-те години, кога клубот имал потреба, тој знаеше повторно да се соблече и да заигра. Според неговата евиденција, последниот натпревар го играше во 1994 година.

Прочитано 216 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 4 =