Автокоманда домаќин на завршните турнири во Купот на Македонија

27.04.2021 13:10
178906503_4552176411464112_1603916132875832818_n_resize

Во просториите на РФМ денеска се извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија, во машка и во женска конкуренција.

Кај мажите на Ф4 турнирот ќе настапат екипите на Металург, Вардар, Еурофарм Пелистер и на Бутел, а полуфиналните двојки се:

Металург – Вардар

Бутел – Еурофарм Пелистер

Бранител на титулата е Металург.

Кај жените учество во Куп-завршницата обезбедија ЖРК Металург, ЖРК Куманово, ЖРК Вардар и ЖРК Чаир, а полуфиналните двојки се:

ЖРК Вардар – ЖРК Чаир

ЖРК Куманово – ЖРК Металург

Бранител на титулата е ЖРК Куманово.

Организатор на двата турнири е РФМ, а домаќин е Металург во својата сала во Автокоманда.

Турнирите ќе се одиграат од 14 до 16 мај, според следниот распоред:

Петок, 14 мај:
Полуфинале 1:  Металург – Вардар
Полуфинале 2:  Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер

Сабота, 15 мај:
Полуфинале 1:  ЖРК Вардар – ЖРК Чаир
Полуфинале 2:  ЖРК Куманово – ЖРК Металург

Недела, 16 мај:
Финале жени
Финале мажи

Прочитано 94 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 4 =