АВТОКОМАНДА МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ – НАСКОРО СЕ ВРАЌА МИРКУЛОВСКИ

28.10.2013 21:15
DSC_0420_resize

za tekst

Ништо не е исто во Металург, кога во тимот го нема Филип Миркуловски. Неговата харизма, неговата позитивна енергија и неговата општопозната борбеност и недостасуваат на екипата. Но, “Автокоманда“ може да здивне, бидејки Миркуловски наскоро се враќа во игра. Според планот, Филип уште една недела ќе работи во теретана, а потоа ќе и се приклучи на екипата и ќе почне со основните праволиниски движења. За две до три недели тој ќе може да го поднесе товарот на комплетниот тренинг.

– Одлично се чувствувам и немам никакви болки. Резултатите покажуваат дека коленото е во одлична состојба, дури подобра и од очекуваното. Со големо нетрпение го очекувам моментот кога, целосно заздравен, ќе се вратам во тимот. Ракометот многу ми недостасува, возбудувањата исто така, вели Миркуловски.

Оваа вест сигурно ќе ги израдува бројните фанови на Металург.

Фотогалерија:

Прочитано 1.976 пати

(1) Коментар

  1. Cim Filip se vraka navistina ne vi treba Corovic, mislam kaj ke igra tipot vo regionalna liga ke go zima vremeto na maliot Manaskov ili Magovski….

    Vas vi treba samo eden piker (po moznost vrakanje na Rakcevic) i ste 100% spremni za sekoj protivnik. Onie koi shto zboruvaat deka Kedgo i Pecakovski se pre slabi zaboravaat deka Markovic edna cela polusezona se maceshe i gresheshe dodeka da go pronajde vistinskiot ritam i site znaeme na koe nivo igra denes. Treba malce trpenie, no ste celosno na praviot pat i koga i maladiot Neloski ke zaigra e togash ke bide navistina interesno :)

Напишете коментар


8 − = 4