БАУЕРФАЈНД НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ВРВОТ

24.05.2012 12:00
logo_slika_zdravje-610x74

Тимот на Бауерфајнд оствари уште една победа и повторно покажа дека нема намера да го напушти врвот на табелата. Во генерација 2000/2001 се води “мртва“ трка помеѓу екипите на Бауерфајнд и Папилон и токму во последното коло во меѓусебна пресметка ќе го решат прашањето кој е подобар.

Бауерфајнд релативно лесно излезе на крај со тимот на Факом. Во првото полувреме оствари предност од три гола, додека во вториот дел “експлодира“ и додаде уште 7 гола на својата предност.

Најдобри поединци беа Антевски и Ристовски, членови на победничкиот тим, со по 5 постигнати гола.

Бауерфајнд – Факом   17:7  (6:3)

Бауерфајнд: Петроски, Трајковски, Олтовски 1, Николовски, Петрески 2, Антевски 5, Божиновски 2, Ристовски 5, Тасевски, Митиќ 2 и Ангелковски.         Тренер: Горан Стојков.

Факом: Спасовски, Дангев, Меловски 2, Серафимов, Бошковски, Белимов, Потиров, Николовски 2, А.Ивановски 1, Јанушевски, Н.Ивановски, Танев, Божиновски, Атанасовски, Бристиќ, Крстевски 2 и Брунчевиќ.         Тренер: Никола Матлиевски.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 213 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 5 =