Бебешко: За СЕХА-лигата е добро што Металург настапува на местото на Струмица

17.09.2016 23:28
_DSC0066_resize

Сергеј Бебешко, стратегот на Мешков Брест ја пофали храбрата игра на Металург на денешната средба и изјави дека е навистина добро за СЕХА-лигата што втор македонски претставник е Металург. Во ланската сезона тимот од Автокоманда не настапи, а наместо него во натпреварувањето настапи МАКС Струмица, која се посрамоти во регионалната лига и постави негативни рекорди.

Одигравме еден тежок меч кој мина во бавна игра. Металург не притисна и не дозволи да ја играме својата игра. Задоволни сме што победивме. Тешко е да се игра во Скопје. Добро е што во СЕХА-лигата игра Металург, а не Струмица. Тие се далеку подобра екипа. Честитки за нив, со нивно учество лигата сигурно ќе напредува“, изјави Бебешко.

На прес-конференцијата зборуваше и Павел Атман, поранешниот член на Металург.

Одигравме напорен меч. Знаевме што не чека. Бев член на Металург, знаев дека нема да ни биде лесно. Жалам што во салата немаше повеќе публика. Честитки до сите мои соиграчи, ние сме задоволни од овој резултат“, изјави Атман.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 9 =