БЕКСТЕЈЏ Е ОСАМЕН ЛИДЕР НА ТАБЕЛАТА

24.05.2012 14:00
logo_slika_zdravje-610x74

По четвртото коло, кај генерацијата 2002 и помали, на табелата имаме осамен лидер. Тоа е екипата на Бекстејџ која собра 9 бода. Во четвртото коло ракометарите на Бекстејџ го совладаа тимот на Репро 1 со резултат 7:4, полувреме 4:2.

Во текот на целата средба во водство беа ракометарите на Бекстејџ кои прикажаа допадлив ракомет и кои во пресрет на последното коло се главни фаворити за освојување на првото место.

Репро 1 – Бекстејџ   2:4  (4:7)

Репро 1: Димевски, Глигоријадис, Танев 2, Ѓорѓевиќ, Нешиќ, Белиќ, Стаменковиќ, Груевски, Стојановски, Тасевски, Пречевски, Литовин, Митиќ, Фидановски 1, Милкоски 1 и Богоески.         Тренер: Никола Матлиевски.

Бекстејџ: Стојановски, Соколов, Огњановски 2, Ступар, Трајковски 1, Антов, Николовски 2, Даниловски и Стефановски 2.         Тренер: Слободан Чивлачки.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 215 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 9